Печати

Кои сме ние

Почитувани клиенти,

Ни представува особена чест и задоволство да Ве информираме за отпочнувањето со работа на новиот Македонски бренд во светот на недвижностите, особено оние кои се за Вас од најголемо значење, домувањето. Имено Риал Хоум или Real Home® е агенција за недвижности која е целосно посветена на резиденцијалниот простор, домувањето, продажба и изнајмување на недвижности наменети за живеење, како на домашни така и на странски лица.

Искусните реалтори, кои својата кариера ја градеа во реномирани фирми, лидери на пазарот, сега представуваат столб на Риал Хоум – Агенцијата која е специјализирана за резиденцијални недвижности.

Во рамките на Риал Хоум Македонија, ќе функционира специјализираниот веб сајт www.macedonianproperties.mk кој има за цел да ги фузионира на едно место сите Македонски недвижнини, станови и куќи за што поголема прегледност на самиот пазар. 

Риал Хоум Македонија има за цел да биде членка на Luxury Portfolio, глобална мрежа за Резиденцијално ориетирани Реалтори кои имаат предизвик да бидат лидери на пазарот со луксузни недвижнини за живеење. За сите новости со светот на недвижностите кај нас и во светот ќе имате можност да се информирате на нашиот специјализиран портал www.realhome.mk

Со надеж дека ќе ги исполниме вашите очекувања, со цел за успешна обострана соработка, Ве поздравуваме!

Со почит,

Real HOME

Residential Property Experts